Ракип со гол-првенец донесе реми за Анталијаспор против Бешикташ (ВИДЕО)

326

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип имаше извонреден настап во дресот на Анталијаспор во турската Суперлига и со еден погодок им донесе бод на своите навивачи на дерби дуелот со Бешикташ.

Анталијаспор на домашен терен одигра 1:1 со новиот тим на норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер, откако Ракип погоди за израмнување на пет минути пред крајот на средбата.

Ракип кој има само два настапи за нашата репрезентација веќе втора сезона настапува за екипата на Анталијаспор, а денешниот гол му беше првенец оваа сезона.

ПретходноТиквеш нанижа и трета победа во серија
СледноЕгипет завери четвртфинале, последната „карта“ е во рацете на Хрватска