Екипата на Рома освои три бода во победата над Удинезе во вториот дуел од денешната програма во Серија А.
Иако домаќинот прв поведе преку голот на Лука во 38. минута, сепак, тоа не беше доволно ниту за бод на овој меч за домаќинот.
Конечните 1:2 се дело на Пелегрини кој што погоди во 50. минута за гостите, а водството го удвои Артем Довбјук со погодокот во 64. минута од мечот.
Удинезе до крајот се обиде да извлече нешто од овој меч но не успеа во тоа. Рома сега е деветта со 30. бода, додека пак Удинезе е единаесетти со 26.