Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах изрази желба да освои барем уште еден трофеј додека тој и уште неколку поискусни играчи не го напуштат клубот.
„Мојата мотивација оваа година е да освојувам трофеи и да можам да одиграм голема улога во победите, особено во англиската Премиер лига. Тимот остана со мене, Вирџил, Трент, Алисон, Џо и Робо, така што пет или шест играчи сме тука долго време. Затоа, мислам дека треба да освоиме уште еден трофеј пред сите да одиме. Успеавме да освоиме речиси се, но само еднаш ја освоивме Премиер лигата. Се надевам дека ќе можеме да го направиме тоа уште еднаш, би било одлично“, се зборовите на Салах.
Договорите на Салах, ван Дијк и Александер-Арнолд со Ливерпул истекуваат летово.