Кошаркарите на Тиквеш вечерва ја продолжија серијата победи во домашното првенство, откако на средбата од 15. коло во Првата Мтел лига славеа над екипата на Кожув со 84:80.
За составот од Кавадарци ова е третиот последователен триумд со кој не само што се одвоија од дното на табелата, туку веќе се пробиваат и кон ТОП 8 екипите на табелата. Вечерва во салата „Јасмин“, Кожув тргна извонредно добивајќи го првиот период со 13:24, но потоа гостите како да застанаа. Тиквеш ја презеде играта и до полувреме ја анулираше негативата. Во третиот период составот од Гевгелија повторно одигра подобро, но завршните 10 минути им припаднаа на домашните.
Пантелиќ со 21 поен беше предводник на домашните, додека кај гостите од Гевгелија најефикасен беше Пилепиќ со 25 поени.