Џон Дуран во моментов е еден од најбараните напаѓачи во светот. Колумбиецот во дресот на Астон Вила оваа сезона просто блеска, па така сега погледите на големите клубови се свртени кон него.
Но, не се само тие кои се интересираат за одличниот Колумбиец. Имено како што пренесуваат медимите во неговата земја, и клубови од Саудиска Арабија го посакуваат во своите редови.
Посебно ова се однесува за Ал Наср, тимот на Кристијано Роналдо.
Имено раководството на овој пребогат клуб е подготвен да и понуди на Астон Вила дури 80 милиони евра само да го ослободи Дуран.
Не се наваедува колкава е понудата за самиот играч.