Ракометната репрезентација на Хрватска ја доби најважната средба во досегашниот дел од Светското првенство кое се одржува и на нивни терен. Вечерва во одлучувачкиот меч против соседот Словенија, „коцкестите“ по голема драма славеа со 29:26 и успеаја да се изборат за место во елиминациската фаза.
Во преполната Арена Загреб, Хрватска почна очајно. Словенците го искористија грчот во играта на момците на Сигурдсон и направија предност од 5:0. Потоа следуваше стабилизација на играта и полека враќање на надежите на домашните. До полувреме Хрватска веќе беше во егал (15:15).
На теренот летаа искри, имаше меѓусебни и навивачки провокации. Се играше израмнето и во првите 10-тина минути од вториот дел, по што следуваше одлучувачкиот чекор на домашните. Направија плус два за 24:22, по што Словенија веќе не успеа да се врати.
Одлично издание за Хрватска имаа Главаш, Мартиновиќ и Шипиќ кои постигнаа по 5 гола. Кај Словенија Алекса Влах заврши со 5 погодока како најдобар стрелец.
Во вториот меч вечерва, Норвешка го доби сландинавското дерби со Шведска со 29:24. Мечот немаше резултатско значење.