Шампионот му нанесе прв домашен пораз на МКК Куманово

118

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. славеа на гостувањето кај МКК Куманово со 67:83, со што му го нанесоа првиот пораз на кумановскиот состав на домашен терен. За „штрковите“ ова беше 12-та победа сезонава со која остануваат на челната позиција на табелата.

Првите три периода комплетно им припаднаа на гостите, кои успеашно ја градеа играта и резултатот во своја полза. Откако во финалните 10 минути влегоа со предност од 18 поени, веќе беше јасно дека МКК Куманово нема што да бара на оваа средба.

Најдобар стрелец кај МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски со 26 поени, додека кај домашните Тадија Тадиќ имаше 28 поени.

Сосема очекувано, екипата на Шкупи славеше против Вардар на гостински терен со 95:115. Најдобар поентер кај гостите беше Сила кој постигна дури 46 поени, додека кај Вардар Настовски беше најдобар поентер со 24 поени.

ПретходноАстон Вила може да биде задоволна со бодот против Вест Хем
СледноИнтер го „растури“ Лече и остана во чекор со Наполи