Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд повторно беше изоставен од составот на „црвените ѓаволи“ за дуелот со Фулам во Премиер лигата. Ова предизвика нови прашања за менаџерот Рубен Аморим, кој пред новинарите зборуваше отворено.
„Ако работите не се сменат, нема да се предомислам. Подобро ќее го ставам тренерот на голманите во групата за натпреварите, пред да ставам играч кој не го дава својот максимум секој ден. Нема да се сменам моето мислење“, рече Аморим.
Манчестер Јунајтед успеа да го победи Фулам со 1-0, а иднината на Рашфорд останува крајно неизвесна.