Второ реми на шампионот во Анталија!

275

Струга ТЛ – Кјизјилжар 0:0 денеска во Анталија во пријателски меч. Ова беше четврти тест за шампионот во текот на овие подготовки во Турција и второ реми. Според извештаите од Струга ТЛ, нашиот шампион имал шанси и за победа, но сепак мрежата на казахстанскиот тим останала нечепната.

Досега Струга ТЛ во Анталија одигра со Дебрецен (0:0), Корона (1:0), Рубин (0:1).

Покрај овие пријателски средби, стратегот на тимот Ќатип Османи инсистира и преку тренинзи да го воигра тимот за тоа што го чека во пролетниот дел.

ПретходноСензационално: Му беше тренер на Новак, веројатно ќе му биде и на Синер!
СледноДе Ла Фуенте селектор на Шпанија до 2028 година