Жоао Феликс и Дисаси од Челзи се селат во Астон Вила?!

278

И дефинитивно Астон Вила не се шегува. Во текот на овој зимски преоден рок тимот на Унаи Емери досега се засили со Донел Мален од Дортмунд и Андрес Гарсија од Леванте.

Но според последните информации од Островот, тимот од Бирмингем и дефинитивно тргнува по тандемот од Челзи, Жоао Феликс и Аксел Дисаси.

Вториот веќе дал согласност, личните услови се договорени, останува само да се види колку Астон Вила ќе треба да плати за позајмицата и тоа без право на откуп.

Што се однесува до Португалецот се чини дека и кај Енцо Мареска не успеа да се наметне. За него се преговара дали и тој би заминал во „Вила Парк“ на позајмица или тоа ќе биде класичен трансфер.

ПретходноНовак Ѓоковиќ добива статуа на АО во Мелбурн!
СледноОсимен ќе го тужи новинарот кој тврди дека бил удрен од напаѓачот на Галатасарај!