Зидан за Мбапе: Знам дека ќе ги надмине сите, ова е само почеток!

639

Полека, но сигурно Килијан Мбапе влегува во таа поскувана форма. Повеќе од јасно е дека на последните неколку мечеви тој е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид. Сето тоа го зачини со својот прв хет-трик во дресот на Реал Мадрид на гостувањето кај Ваљадолив овој викенд.

Тоа го радува и неговиот сонародник, легендарниот Зинедин Зидан кој не само што беше играч на “кралевите“ туку како тренер на Реал му донесе три титули во ЛШ.

На прашањето кој во моментов е најдобриот играч во светот и кој е тој кој сите може да ги надмине, Зидан си кажа:

Мбапе. Тој сега е во Мадрид. Знам дека ќе ги надмине сите, ова што сега го гледате од него во дресот на Реал е само почеток“.

ПретходноЗарем и во Израел: Полицијата го прекина мечот меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив поради дивеење на навивачите! (ВИДЕО)
СледноСекоја чест: Еве зошто Гави е голем спортсмен! (ВИДЕО)