Кузмановски прв стрелец и по завршувањето на главната рунда на СП 2025

1818

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, остана на врвот на листата на најдобри стрелци на ракометното Светско првенство и по завршувањето на главната фаза.

Со 49 постигнати гола, популарниот Фитиљ е на делба на првото место со најдобриот дански реализатор Гидсел. Сепак, Гидсел ќе има шанси да го преземе врвот на листата на стрелци, со оглед на тоа што Данска ги продолжува настапите на мундијалот и во елиминациската фаза.

ПретходноИ Исланѓаните лути на судењето: Хрватска играше со девет на седум…
СледноАморим: Попрво ќе игра тренерот на голманите, отколку Рашфорд