Мазари и официјално е нов член на Вараждин

296

Досегашниот играч на Работнички и еден од најдобрите поединци во изминатата ПМФЛ полусезона, Атхе Мазари е нов член на тимот на Вараждин од Хрватска.

По супер одиграните мечеви во дресот на Работнички и десетината постигнати голови односно асистенции, Мазари се сели во Хрватска во обид да ја конвертира својата кариера на сосема друго ниво.

За него ова е прв интернационалец излет откако беше дел од екипите на Шкендија, Струга, Охрид, Победа и Работнички.

Тој настапуваше инаку за репрезентацијата на Албанија, а во моментов има 23. години.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ЕРВИН РАИФИ ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 1.527.849 ДЕНАРИ
СледноЃоковиќ ќе мора да паузира најмалку шест недели