Искусниот белгиски интернационалец и некогашен репрезентативец на оваа земја, 36. годишниот Раџа Наионголан е уапсен во неговата татковина под сомнение дека бил дел од организирана ктиминална структура која што се бавела со препродажба и дистрибуција на кокаин.
Кориере Дела Сера пренесува дека Наинголан е дел од полициска акција која што била подготвувана подолг период и дека истата ќе опфати десетици лица.
Која е улогата на Наинголан и за што ќе биде оптеретен кривично сеуште не е познато, но ова секако нема да биде прв пат еден фудбалер да биде дел од ваква страшна работа.
Квинси Промес секако е најдобриот пример за ова, откако репрезентативецот на Холандија со години и бегаше на правдата со играњето во Русија, се додека не замина за Дубаи на подготовки па таму беше уапсен и испорачан на Холандија.