Во насока на промовирање на млади и перспективни голмани, тимот на Силекс предмалку го претстави Никола Филевски како свој нов член.
Некогашниот младинец на ФК Вардар, а досега и член на тимот на Борец се сели во Кратово и ја зголемува конкуренцијата на младинскиот репрезентативец Џеков, кој што во моментов е број еден во Силекс.
Филевски покрај Вардар и Борец беше дел и од тимот на Работнички во младинските категории. Тој инаку е син на прославениот македонски голман, поранешниот репрезентативец Антонио Филевски.