Одржан состанок за обновување на Шарпланински куп

205

Полека но сигурно се придвижуваат кон подобро нештата во македонскот скијање. Имаме неколку млади и ексѕра талентирани скијачи од машка и женска конкуренција кои ветуваат со својот потенцијал и квалитет многу, а раководството на Скијачката федерација на Македонија пак напорно работи на истите да им обезбеди максимални услови за напредок.

Во таа насока одржан е состанок на тема обновување на една од најстарите но и најважни ски манифестации во Македонија, Шарпланински куп. На истиот присуствуваа раководните луѓе на Скијачката федерација, како и првите луѓе на ски центарот Попова Шапка. Донесени се заклучоци дека мора под итно да се стартува со план и работни задачи за обновување и рестарт на овој важен настан за Македонското скијање кое во минатото имаше огромно значење.

ПретходноРаботнички загуби на првиот тест во Медулин
СледноНикола Филевски е нов голман на Силекс