Оклахома победнички и на гостувањето кај Портланд (ВИДЕО)

44

Во единствениот меч кој се одигра синоќа во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер како гостин го совлада Портланд Трејл Блејзерс со 118:108.

Водечкиот тим на Западната конференција повторно беше предводен од Шеи Гилџес-Александер со 35 поени, а добар меч имаше и Џејлен Вилијамс со 24 поени и осум асистенции, додека кај Блејзерс најдобар поединец беше Дени Авдија со 28 поени.

Тандер со оваа победа стигнаа до рекорд од 37 победи и само 8 порази и се убедлив лидер на Западот. Портланд го запиша и 29 пораз и се најде на 13. место во Западната конференција.

ПретходноПознат пласманот на селекциите од 9. до 24. место: Македонија заврши како 15-та
СледноИ Исланѓаните лути на судењето: Хрватска играше со девет на седум…