Португалецот искрен: Откако дојдов во Манчестер Ј. остарев 10 години

373
Фото: Манчестер Јунјатед/Твитер

Се уште тазе поставениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, вчера пред новинарите на шега рече дека се чувствува 10 години постар откако дојде на „Олд трафорд“.

Тренерот на „црвените ѓаволи“ по победата над Фулам (1:0) во 23. коло од Премиер лигата доби честитки за неговиот 40-ти роденден.

„Не 40, се чувствувам како да имам 50. По два месеци во Манчестер Јунајтед веќе имам 50 (се смее). Ви благодарам многу, многу сум задоволен што го поминав мојот роденден овде во клубот. Имате прекрасна земја. Утре ќе уживам во победата“, изјавил Аморим.

ПретходноШто велат обложувалниците: Хрватите влегоа во ТОП 3 фаворити за златото!
СледноУште едно зимско засилување за Фенербахче, доаѓа Талиска