Тимот на Работнички на стартот од базичните подготовки во Медулин, Хрватска, загуби од тимот на ФК Прва Искра Бариќ со конечни 1:2.
Ова беше прв тест на „Романтичарите“ во Медулин, а и воопшто зимава, откако првиот дел од подготовките го одработија во домашни услови односно во Скопје.
Работнички сезонава ја игра и повеќе од добро. Може слободно да се каже дека е изненадувањето на сезоната, затоа што од тимот од Дебар Маало, никој и да не очекуваше да биде кандидат за титулата. Сепак, „Романтичарите“ ги демантираа сите со одлични партии и бодовно салдо кое е за респект.