Фатлум Селмани и Ерсан Мустафа се двата нови члена на тимот на Беса Добри Дол.
Младинците се приклучуваат на амбициозниот прволигаш во насока да ја засилат конкуренцијата во категоријата У21 што се вели, односно да се борат за минутажа во пролетниот дел од сезоната.
Стратегот Горазд Михаилов има за задача зимава да склопи тим кој што ќе биде конкурентен напролет и лесно ќе ги освои бодовите кои ќе значат сигурен пласман на ПМФЛ табелата и мирна пловидна кон уште една сезона во најсилниот фудбалски прволигашки ранг кај нас.