Попладнево доаѓа сензационална вест од Италија. Имено се пренесува дека Јаник Синер наскоро би можел да добие нов тренер и тоа во името на Горан Иванишевиќ, кандидат бил и Андре Агаси, но Хрватот бил со најголеми шанси.
Ова вест не би била сензационална ако се знае дека до пред една година, токму Иванишевиќ му беше прв тренер на Новак Ѓоковиќ а до крај на нивната соработка дојде веднаш по завршувањето на минатогодишниот АО.
Досега и двајцата не сакаа да ги кажат вистинските причини за “раскинувањето“. Во случај Хрватот навистина да му се придружи на Синер, тогаш интересна ќе биде реакцијата на најдобриот тенисер на сите времиња.