Офанзивниот играч за врска на саудискиа Ан-Наср, Андерсон Талиска се сели во Истанбул во дресот на Фенербахче.
Според информациите Талиска ќе потпише договор со турскиот гигант до 2026 година. Конечните детали за трансферот се уште се договараат меѓу двете страни.
Талиска пред неколку години беше дел од турски Бешикташ, откако претходно со успех го носеше дресот на Бенфика. Потоа реши да замине за Кина во екипата на Гвангжу Евергранде, за на крај да потпише и за арапски Ан-Наср.
Оваа сезона Андерсон Талиска одигра 19 натпревари за Ан-Наср и постигна 8 гола.