Дали раководството на Јувентус има намера да го менува тренерот? Да, ако им се верува на медиумите во Италија. Имено денеска како “бомба“ одекна веста дека Чави Ернандез бил контактиран од страна на луѓето од торинскиот гигант, се со цел да се дојде до соработка. Односно Чави да дојде на местото на Тиаго Мота.
Јасно е дека ова е голем удар за сегашниот стратег на Јуве. Од друга страна исто така јасно е дека тој не ги задоволи очекувањата на милионите фанови на Јуве. Сега Јуве, односно Мота го нарекуваат – Мистер Х, ако се знае на колку средби оваа сезона тимот ремизираше.
Да, Јуве тешко и ретко губи, ама и тешко и ретко победува.
Тиаго Мора беше доведен да го направи Јуве подобар од лани, а тоа тешко му оди.