Откако и официјално беа потврдени сите патници во осминафиналето на Светското првенство во ракомет, светските букмејкери излегоа со своите прогнози околу тоа кој ќе го освои светското ракометно злато оваа година.
На врвот на листата и натаму е Данска за која се нуди квота 1,42 за освојување на светската круна. Втор фаворит според букмејкерите останува Франција (3,75), а интересно, еден од ко-организаторите на првенството, Хрватска, која низ „иглени уши“ дојде до осминафиналето, сега фигурира како трет фаворит за освојување на златниот медал. Според обложувалниците квотата на Хрватска за светско злато е 14.
Потоа следуваат Германија (26), Португалија (36), Египет (41), Унгарија (76) и Бразил (126).