Ѓоковиќ ќе мора да паузира најмалку шест недели

830

Питер Ларкинс, познат доктор од Австралија, се изненадил кога видел со каква повреда Новак Ѓоковиќ успеал да го заврши мечот против Карлос Алкараз и да излезе на терен во полуфиналето против Александар Зверев.

„Тоа е сериозна повреда. Не е крај на кариерата, но мислам дека е прилично неверојатно што тој дури успеа да одигра неколку натпревари“, изјавил Ларкинс.

Според лекарот ваков тип на повреда бара мирување во период и до 6 недели.

„Тој нема да биде надвор од форма бидејќи ќе биде во теретана, во базен, но би бил изненаден ако игра на некој турнир во следните шест недели“, додал Ларкинс.

Тоа практично би значело дека Ѓоковиќ сигурно ќе ја пропушти Доха и би можел да с еврати на некој од турнирите на земјена подлога.

ПретходноМазари и официјално е нов член на Вараждин
СледноПелистер одигра без голови со Новаци