Зарем и во Израел: Полицијата го прекина мечот меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив поради дивеење на навивачите! (ВИДЕО)

323

Ретки се информациите од Израел во врска со тамошниот фудбал. Но она што се случи вечерва навистина е вест кој вреди да се прочита. Имено на средбата меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив е прекината и тоа од страна на полицијата поради нередите и „бакљадата“ на домашните фанови.

Полицијата не е во состојба да ја гарантира безбедноста на играчите и навивачите, па одлучено е мечот да се прекине“ се вели во информацијата од страна на полицијата во Израел.

Инаку мечот е прекинат при резултат 1:1, а се ескалираше откако во сиот финиш на првиот дел гостите од пенал го израмнија резултатот. Домашните фанови не беа среќни кога видоа како гостите се радуваат и следуваа нереди и фрлање на бакљи на теренот.

Претходно во неколку наврати мечот беше прекинуван, но сепак на паузата беше и дефинитивно јасно дека нема да се игра второто полувреме во Хаифа.

ПретходноРеволуција во Германија: Судиите ќе им ги објаснуваат своите одлуки на навивачите!
СледноЗидан за Мбапе: Знам дека ќе ги надмине сите, ова е само почеток!