Неверојатно: Поради концерт на Ролинг Стоунс, “Ел Класико“ се сели на „Вембли“?!

2041
Foto: Arne Müseler

Пред неколку дена пренесовме дека мајското „Ел Класико“, кое е закажано за 11 мај веројатно нема да се игра на “Монжуик“ во Барселона. Познато е дека новиот “Камп Ноу“ сеуште не е готов, па така сега раководството на каталонскиот гигант ќе мора да бара алтернативен стадион. Најблиску до тоа домаќин, на спектакуларниот меч меѓу Барселона и Реал Мадрид во Ла Лига, да биде е “Вембли“ во Лондон.

Причина за вако нешто што “Монжуик“ за тој викенд 10/11 мај е резервиран за концерт на Ролинг Стоунс.

Инаку “Вембли“ е перфекнта опција за Барса. Не само што ќе можат да се продадат 90.000 билети, туку ова ќе значи и потсетување на стариот “Вембли“ кој буди прекрасни сеќавања за Барса. Познато е дека во мај 1992 година со голот на Куман, Барселона ја победи Сампдорија во финалето на ЛШ и за првпат ја освои европската круна во својата историја.

ПретходноБитола ќе биде домаќин на натпревар на женската ракометна селекција!
СледноОткриени деталите од новиот договор на Халанд со Сити: Годишна плата од 40 милиони евра, но тоа не е се…