Пред неколку денови Манчестер Сити и Ерлинг Халанд и официјално објавија дека потпишале нов договор за меѓусебна соработка и тоа до 2034 година.
Ретко се случува во модерниот фудбал една таква мега-ѕвезда да потпише речиси десеттгодишен договор. Сепак и тоа се случи.
Од друга страна не беше јавно кажано колкава плата ќе зема Халанд, иако тој и дотогаш беше еден од најплатените или најплатен фудбалер на Сити. Сепак денеска фудбалските инсајдери пренесуваат дека Норвежанецот потпишал за Сити договор во кој годишно ќе зема 40 милиони евра, и тоа нето.
Сепак тоа не е се. Халанд ќе ги има сите имиџ права од кој тој заработува и тоа како, а не би точно дека до 2024 година тој не смее да се пресели во друг клуб, се разбира со адекватна отштета.
Сити не ставил откупна клаузула, но во договорот стоело дека под посебни услови Халанд би можел да го напушти Сити.