За волја на вистината, помошен, но сепак, во стручниот штаб на нашиот прволигаш Гостивар ќе има португалски стручњак. Се работи за извесниот Рубен Круз, кој што веќе неколку дена е дел од кампусот на Гостивар во Хрватска, каде што тимот е на подготовки, а вечерва клубот офоцијално и го промовираше.
Очигледно дека Гостивар како сериозно финансиски стабилен клуб, сака да обезбеди што е можно подобри услови за работа, па во таа насока е и ангажирањето на португалскиот стручњак.
Плановите на клубот се големи, се најавуваат изградба и на тренинг центри и атак не само на титулата во домашниот шампионат, туку и на европски успеси.