Канаѓанецот Нилсен е ново засилување за шампионот Струмица

113

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица, денеска го објави првото зимско засилување. Станува збор за канаѓанецот Најџел Нилсен, искусен одбојкар кој ќе биде засилување на примачката позиција во редовите на струмичани.

Нилсен, роден на 27 јануари 2000 година во Канада, е одбојкар со богато искуство, а вО Струмица доаѓа грчкиот клуб Орестиадас.

„Среќен сум што се приклучувам во ОК Струмица  и едвај чекам да ја започнам сезоната со тимот. Знам дека клубот има амбициозни цели и очекувам заедно да ги постигнеме“, изјави Нилсен по неговото пристигнување во Македонија.

Интересен факт е дека во претходните две сезони Струмица имаше Канаѓанец во името на  Деан Глобоцки.

ПретходноРоманецот Крецу е прв странец селектор на одбојкарската репрезентација на Србија
СледноЕлмас и кажа „НЕ“ на Валенсија, се враќа во Италија во дресот на Торино