Лион го смени тренерот за да го донесе Пауло Фонсека

116

Француските медиуми објавија дека Лион го отпуштил актуелниот тренер на клубот Пјер Саж. Отказот требаше да дојде по десетдневните преговори со Пауло Фонсека, кој најверојатно ќе биде негов наследник на клупата на францускиот клуб.

„Л’Екип“ пренесува дека Лион е во преговори со Фонсека подолго време и договорот се очекува да биде објавен оваа недела. Пауло Фонсека е без работа откако беше отпуштен од Милан во декември.

ПретходноСилекс одигра без победник и на контролата со Пахтакор
СледноБорусија (Д) на преговори со Рангник: Селекторот на Австрија прифатил да го преземе тимот, но следната сезона