Досегашниот играч на тимот на Брера, Роџерс Мато од денеска и официјално е нов играч на екипата на Вардар. По Георгије Јанкулов, и Димитар Тодоровски, Мато е третиот играч кој што од Брера зимава преминува во „црвено – црниот“ табор.
Мато е еден од најдобрите играчи во нашата ПМФЛ конкуреницја сезонава. Важи за еден од најбрзите играчи не само визуелно што се вели, туку и според официјалните мерења. Со него Вардар добива на сериозен плус во нападот, нешто што беше сезонава неопходно да се случи.
Добиена битката со Шкендија
Мато е веќе во Анталија, и е дел од таборот на Вардар. Веќе неколку дена тренира со екипата,а еве денеска и официјално е и промовиран. Со ова се завршува и сагата околу неговата иднина, затоа што и Шкендија според нашите информации беше сериозно заинтересирана за неговите услуги.
Еден од ретките репрезентативци од нашата лига
Конечно, дека Мато е сериозно квалитетен напаѓач говори и фактот дека тој во моментов е активен репрезентативец на неговата држава, Уганда, и има респектабилна улога во неа.