Кајл Вокер (34) од пред некој ден и официјално е нов член на Милан. Некогашниот десен бек на Манчестер Сити, иако имаше понуди од Саудиска Арабија, сепак се реши да се пресели во Милано.
Тој и самиот кажа дека за тоа како течел последниот разговор со Пеп Гвардиола:
“Беше очигледно дека ситуација во Манчестер Сити не беше добра и дека не играв онолку колку што сакав. Кога разговарав со Пеп Гвардиола можам да кажам дека тоа беше непријатен разговор. Сепак, треба да се знае дека се што освои тој со Сити, освоив и јас исто така. Да, се респектираме, а тој знае што носам јас во соблекувалната“ рече покрај другото репрезентативецот на Англија.
Инаку до јуни Вокер ќе игра за Милан како позајмен играч на Сити. Во случај двете страни да сакаат да ја продолжат соработката, тогаш Милан и Вокер ќе потпишат тригодшен договор.
Тој во Сити се пресели во 2017 година од Тотенхем. Освои шест титули со “граѓаните“ во Премиер-лигата и еден трофеј во Лигата на Шампионите. Одигра вкупно 319 официјални мечеви за својот довчерашен клуб.