Историска одлука на Евролига: Ф4 се сели во Абу Даби!

366

Фајнл-фор завршницата во Евролига за прв пат ќе се одржи надвор од Европа. Домаќин ќе биде Абу Даби и Етихад Арената, а билетите ќе бидат пуштени во продажба на 26 февруари. За првпат во историјата ова натпреварување се сели во Обединетите Арапски Емирати. Етихад Арена има капацитет од 12.000 места.

„Би сакал да му се заблагодарам на градот Абу Даби што ја покажа довербата во кошаркарската Евролига“, изјави Дејан Бодирога, претседател на Кошаркарската Евролига, кој додаде:

„Носењето на фајнал-форот во Абу Даби е амбициозен проект и извонредна можност да се прикаже атмосферата во Евролигата пред нова и разновидна публика. Во исто време, ова партнерство им гарантира на нашите верни фанови ново искуство во еден од најмодерните и најпријателски градови во светот. Заедно, ќе испорачаме уште еден настан на највисоко ниво што ќе ја издигне Евролигата на нови височини“.

Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок на 23 мај во 19:00 и 22:00 часот по локално време, додека натпреварите за третото место и финалето ќе се одиграат во недела на 25 мај.

ПретходноСо „полни џебови“ богатство ја напушти С.Арабија: Нејмар има нов клуб!
СледноСтоилевски е ново засилување за Тинекс Пролет