Нејмар се враќа во Сантос, но само на 6 месеци

331

Нејмар ќе се врати во Бразил оваа зима, но нема да остане таму долго време. Според информациите на новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Платенберг, тој сака да се врати во Европа на крајот од оваа сезона.

Ал Хилал денеска објави раскин на договорот со 32-годишниот напаѓач, а Нејмар е блиску до враќање во Сантос, каде ја започна својата кариера.

Тој сега треба да замине за Бразил за да оди на лекарски преглед. Двете страни ќе потпишат договор на шест месеци без опција за продолжување.

ПретходноАко ја победи Унгарија, Хрватска за полуфинале ќе добие големо засилување!
СледноТрајковиќ по триумфалното деби: Сакаме трофеј во Битола!