Нејмар се раздели со Ал-Хилал со заедничка согласност, објави во понеделникот шампионот на Саудиска Арабија. Најдобриот стрелец на сите времиња во Бразил имаше прилично разочарувачки период во клубот и никогаш не успеа да покаже за што е способен. На крајот, двете страни одлучија дека е најдобро да ја прекинат соработката. Саудиска Арабија на напушта со полни џебови, доби 65 милиони долари.
32-годишниот фудбалер доживеа повреда на коленото на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври 2023 година, што го оддалечи долго време. Сепак, дури и по закрепнувањето, тој не можеше да се врати во својата најдобра форма.
„Ал-Хилал и Нејмар се договорија да ја раскинат договорната врска со заедничка согласност“, соопштија од саудискиот клуб.
Нејмар одигра само седум натпревари за Ал Хилал откако се пресели од Пари Сен Жермен за пријавена сума од околу 90 милиони евра во август 2023 година.
Бразилските медиуми објавија дека Нејмар, кој постигна 79 гола за националниот тим, ќе се врати во неговиот клуб од детството Сантос откако во 2013 година замина за да се приклучи на Барселона.
Тој се пресели во ПСЖ од Барса за светски рекорд од 222 милиони евра во август 2017 година.