Уште една драма во Арена: Карабатиќ со звукот на сирената ја однесе Франција во полуфинале

854

Уште еден одличен натпревар во Арена во Загреб. Франција и Египет ја понудија целосната возбуда на втората четврртфинална пресметка. Победник од оваа пресметка беа „триколорите“, славеа со 34-33 со голот на Лука Карабатиќ со звкукот на сирената. Тие во полуфиналето ќе играат против Хрватска која исто по голема драма славеше против Унгарија.

Задачата кога станува збор за делење на правдата одлично ја завршија македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Мем и Ремили со по шест гола беа најефикасни кај Французите, а Хешам кај Египет постигна осум.

Египет добро се држеше во првото полувреме, не му дозволи на противникот да дојде до комонтно водство уште на стартот. На другата страна француските ракометари со серија од 5-0 на крајот на првото полувреме и почетокот на вториот дел поведоа со 19-14. Египет не се откажа, по последните минус пет (20-15), со серија од 7-3 се доближи на 23-22 на стартот на 40-та минута. Хендави беше одличен на голот го држеше својот тим, во 43-та минута Омар израмни на 24-24.

Франција подоцна успеа да поведе со два гола (27-25). Египет со игра „седум на шест“ се обидуваше повторно да се врати на дуелот, во меѓувреме, Конку заработи трето исклучување и мораше да го напушти теренот. Омар со нов гол, на седум минути до крајот ја врати неизвесноста. Франција беше еден до два гола разлика, сепак таа брзо се стопи, беше 32-32 на минута до крајот. Ремили реализираше во вистинско време за 33-32, Омар изрмани на 33-33, додека со звкукот на сирената Карабатиќ успеа да погоди. Начевски и Николов веднаш отидоа да ја погледнат снимката, голот важеше.

ПретходноСтен Олсен најбрз на ноќниот велеслалом во Шладминг
СледноФлик: Сакаме второ место во Лигата на шампионите, но за мене првенството е најважно