Флик: Сакаме второ место во Лигата на шампионите, но за мене првенството е најважно

478

Тимот на Барселона утре има задача да обезбеди три бода на домашен терен против тимот на Аталанта, и на тој начин да си го обезбеди и второто место на табелата по завршивањето на првата фаза во Лигата на Шампионите.

Тренерот Ханси Флик на денешната официјална прес конференција пред дуелот рече дека секоја победа е важна, но дека за него Примера шампионатот е број еден во агендата.

“Она што Аталанта го постигна во последните години е неверојатно. Играат одличен фудбал, покажуваат храброст и постигнуваат многу голови. Ќе мораме да останеме фокусирани. Имам голема почит кон Гасперини. Неговата работа е неверојатна. Тој беше таму осум години, па се гледа што се случува кога еден клуб верува во својот тренер. За мене, шампионскиот трофеј е најважниот што можеме да го освоиме, но Лигата на шампионите е најтешко да се освои. За нас е важно да победиме утре и да завршиме втори. Против италијанските тимови секогаш е тешко да се игра бидејќи одлично се бранат. Фудбалерите на Аталанта се многу силни еден на еден и се брзи во транзицијата. Се надевам дека ќе донесеме правилни одлуки“, изјави Флик.

ПретходноУште една драма во Арена: Карабатиќ со звукот на сирената ја однесе Франција во полуфинале
Следно“Бомба“ во НБА: Лука Дончиќ во Мајами?!