Ф1 тимот Алпин влегува во Мото ГП тимот Прамак

153

Партнерството со Јамаха, очигледно нема да биде единствената новина кај Мото ГП тимот на Прима Прамак Рејсинг за 2025 година. Како што објавија од италијанскиот тим во нивниот тим влегува компанијата Алпин која има свој тим во Формула 1.

Францускиот бренд, исто така присутен во Ф1, ќе стане дел од спонзорската линија. Ова е првпат производител од Формула 1 да се поврзе со тим присутен во Мото ГП.

Директорот на Прамак, Паоло Кампиноти, изјави дека е „горд на почетокот на оваа долгорочна соработка со Алпин“.

ПретходноХрватска на „седмо небо“, гол во последна секунда за полуфинале
СледноАнчелоти не верува дека Винисиус ќе ја избере Саудиска Арабија