Балотели си оди од Џенова: Го донесоа во октомври, ќе го избркаат до крајот на јануари

187

Спортскиот директор на Џенова, Марко Отолини ја потврди информацијата на новинарот Фабрицио Романо дека 34-годишниот напаѓач Марио Балотели е блиску до заминување од клубот за кој настапува од октомври 2024 година.

„Марио сака да игра, но тука нема доволно простор, па бараме добро решение за сите страни“, вели Отолини.

Балотели дојде во Џенова на крајот на октомври како слободен играч. Во овој период, 34-годишниот играч учествуваше во шест натпревари во Серија А, на кои на теренот мина едвај 56 минути без да постигне гол.

ПретходноУ17: Женската репрезентација на тренинг камп во Дојран
СледноРоманецот Крецу е прв странец селектор на одбојкарската репрезентација на Србија