Младинците ги дознаа противниците за Светското првенство!

415

Во Осло се одржа ждрепката за 25-то Светско првенство за младинци кое ќе се одржи во Катовице во Полска (18.06 до 29.06.2025 година). 32 екипи се потврдени на почетокот на натпреварувањето, второ издание во историјата со толкав број на тимови во составот, по Германија/Грција 2023. Во моментов има 17 европски меѓу кои и Македонија, четири африкански, четири азиски, три се квалификуваа екипи од Јужна и Централна Америка и две од Северната и Карипската ракометна конфедерација.

Македонската ракометна решрезентација се најде во групата Ф заедно со Исланд, тим кој го освои бронзениот медал во 2023 година, како Романија и уште еден противник, кој ќе биде подоцна познат, ИХФ ќе види на кого ќе му дде вајлд-карта.

ПретходноКошаркарите до 16 години го дознаа патот кој води кон враќање во А Дивизија
СледноКадетките во силна група на Европското првенство во Црна Гора