Романецот Крецу е прв странец селектор на одбојкарската репрезентација на Србија

73

Романскиот одбојкарски стратег Георге Крецу е нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Србија. Тој ќе биде првиот странец кој работи на клупата на одбојкарскиот тим на Србија.

Крецу доаѓа како наследник на досегашниот шеф на стручниот штаб Игор Колаковиќ, кој го заврши вториот мандат со не многу импресивен резултат на Олимписките игри во Париз претходното лето.

Крецу досега беше селектор на словенечката репрезентација. Претходно од 2014 до 2019 година ја водеше репрезентацијата на Естонија, со која освои бронза на Челинџер купот на ФИВБ во 2018 година, како и два златни медали, во 2016 и 2018 година во Европската Златна лига. Со Словенија веќе освои бронзен медал на Европското првенство во 2023 година.

ПретходноБалотели си оди од Џенова: Го донесоа во октомври, ќе го избркаат до крајот на јануари
СледноКанаѓанецот Нилсен е ново засилување за шампионот Струмица