Голема трагедија го потресе атлетскиот свет. Имено, на атлетски митинг во Колорадо, САД, смртно настрада еден гледач, таткото на еден од натпреварувачите, откако го погодило кладивото лошо исфрлено од еден натпреварувач.
Според информациите, по лошото исфрлање на кладивото од еден од натпреварувачите, истото ја прелетало заштитната мрежа и завршило на трибините, каде го погодило несреќниот гледач. Се работи за татко на еден од натпреварувачите, а тој им подлегнал на повредите кои ги добил од кладивото кое е тешко 7,26 килограми.
Полицијата во Колорадо објави дека трагично загинатиот маж се обидел да ги заштити сопругата и синот.
„Човекот кој беше погоден почина на самото место. Тој беше татко на еден од нашите членови на тимот на CO Јунајтед. Настанот беше веднаш прекинат“, изјавија од атлетскиот клуб на универзитетот.