По еден ден пауза денеска стартува нокаут фазата на Светското првенство. Арена Загреб ќе ги даде имињата на првите полуфиналисти. Ко-домаќинот, Хрватска ќе ги одмери силите против Унгарија (18 часот), додека на втората средба ќе се сретнат Египет и Франција.
Пред стартот на првата четвртфинална пресметка, Унгарците излегоа со сериозни обвинувања, сметаат дека Хрватска имала голема помош од судиите и против Словенија, и против Исланд.
„Беше толку очигледно што дури и хрватските медиуми пишуваа за проблемот, бесрамно наведувајќи дека имаат предност на домашен терен на натпреварите. На натпреварите против Исланд и Словенија им беше потребна поддршка, не само од навивачите, туку и од судиите“, пишуваат тамошните медиуми.
Унгарците пишуваат дека покрај судиите, нивните ракометари треба да се справат и со пеколна атмосфера.
„Преполните трибини му даваат на секој играч дополнителен адреналин, без разлика што нема да навиваат за нас. Ракомет се игра за моменти како овие, кога можеш да играш пред толку гледачи на меч од висок влог“, објасни Шпанецот на клупата на Унгарецот Чема Родригез.