Вујовиќ: Хрватска нема тим за големи достигнувања! Против Унгарија беше вистинско чудо!

599

Веселин Вујовиќ се огласи во јавноста после првите четвртфинални битки на Светското првенство. Актуелниот селектор на Катар беше запрашан за играта на Хрватска и дуелот против Унгарија, кој го доби во последните секунди и се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против Франција.

„Неверојатно, немам што друго да кажам. Ретко победуваш на таков меч, не може ни да се спореди со оној кога јас и Словенија ја победивме Хрватска во Париз во 2017 година во борба за бронза откако заостанавме осум бода.

Неверојатно е какви грешки направија Унгарците наместо да играат долги напади и да чекаат предупредување за пасивност, тие се обидоа да решат се во првите секунди од нападот. Имаа и два шута, но Пешиќ одбрани. Да постигнеа само еден гол, тоа ќе им беше доволен. Чуда понекогаш се случуваат, а овој пат тоа се случи во корист на Хрватска“, коментираше Вујовиќ.

Тој како и секогаш зборуваше отворено, порача дека оваа Хрватска во овој момент нема тим за големи достигнувања.

„Многу е тешко да се коментира нешто за да се остане коректен, без во основа да се каже она што е видливо за сите. Хрватската јавност мора да се помири со фактот дека овој тим не е за најголеми достигнувања. За жал, така беше и е во последните неколку години. Не знам, но Сигурдсон не победи ниту еден важен натпревар, освен квалификациите во Германија“, додека Вујовиќ.

Хрватска од стартот на шампионатот се соочува со големи проблеми, се повреди Дувњак, па Циндриќ, беше дополнително повикан Карачиќ, а дел од ракометарите играа повредени…

ПретходноТројца македонски репрезентативци од РК Алкалоид и РК Мулти Есенс беа дел од проектот „Почитувај го својот талент“ организиран од страна на ЕХФ
СледноВо Осло ќе бидат поделени последните два полуфинални билети!