Али Регба од Работнички оди во ТСЦ Бачка Топола

456

Според пишувањата на медиумите во Србија, Работнички оваа зима ќе остане и без услугите на Алжирецот со ирски пасош, Али Регба.

По се изгледа, Работнички веќе го договорил трансферот на Регба во српската Суперлига и тоа во редовите на екипата на ТСЦ Бачка Топола. Како што пишуваат атмошните медиуми, Регба доаѓа како едно од новите засилувања за тимот кој оваа зима остана без шест фудбалери.

25-годишниот Регба во првиот дел од сезоната во ПМФЛ одигра 16 меча на кои постигна 7 гола. ТСЦ Бачка Топола за него ќе плати 50.000 евра. За Регба се интересирала и екипата на АИК Стокхолм, која понудила малку повеќе обештетување, но засега српскиот клуб е во предност во преговорите.

ПретходноГолемо срце за големи успеси – секој има право за нова надеж и шанса!
СледноМишов се врати дома и потпиша за Тиквеш