Астон Вила го „откачи“ Арсенал за Оли Воткинс

145

Лондонски Арсенал не успеа да го ангажира напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс. Инсајдерот и новинар Фабрицио Романо потврди дека „точиите“ задоцниле во намерите да го донесат англискиот репрезентативец.

Арсенал наводно дал официјална понуда за трансфер на Воткинс во висина од 60 милиони фунти, но Астон Вила ја сметала понудата ненавремена, бидејќи дошла во пресрет на одлучувачкиот натпревар во генералната фаза од Лигата на шампионите, и веднаш истата е одбиена.

ПретходноХамилтон доживеа несреќа за време на тестирањата во Барселона
СледноСенегалецот Фаустин Сењор е ново дефанзивно засилување за Вардар