Голема битка со „среќен крај“ за Португалија: Германија поразена по продолженијата

472

Со гол во последните 10 секунди на второто продолжение, Португалија херојскиобезбеди пласман во полуфиналето на СП во ракомет. Во „Јунити Арената“ во Осло вечерва видовме неверојатна борба кој атраеше 70 минути, со „среќен крај“ за Португалците, кои потврдија дека имаат генерација за големи работи.

Уште од самиот почеток беше јасно дека ова ќе биде уште едно супер-интересно четвртфинале, налик на она што вчера се случуваше во Загреб. Португалија тргна подобро и успеа да наметне резултатска предност која умешно ја одржуваше во првото полувреме. Португалија поведе со 5:1, па ја принуди Германија да го засили темпото и до средината на првиот дел да се врати резултатски (7:6). До одморот Португалија повторно имаше повеќе од играта и замина на одмор со високи 13:9.

Но Германиј аво вториот дел покажа дека има сили за битка до последен здив. Иако Португалија одржуваше предност од 3-4 гола, сепак, во 42. минута како да дојде еден црн период за Португалците при водство од 18:16. Германија направи неверојатна серија од 4:0 и дојде до прва предност од 18:20. Десетина минути подоцна повторно беше егал (22:22). Последните пет беа вистинска бркотница. Португалија израмни на 26:26 во пследните 30 секунди, но Германија имако имаше напад за полуфинале, не успеа да упати удар кон голот на противникот и мечот отиде во продолжение.

Во првото продолжение Португалија имаше предност од еден гол, а неизвесната битка продолжи и во вториоте 5 минути. Во последните 30 секунди Португалија имаше напад за победа, и полека во истекот на времето Мартим Коста погоди за 31:30 и голема победа вредна полуфинале.

Мота да Коста со 8 гола беше најефикасен кај Португалија, додека кај Германија Зербе постигна 9 погодока. Во полуфиналето Португалците ќе играат против Данска.

ПретходноБарса го „брка“ Фати на позајмица, тој не сака да замине
СледноИнтер го прати Паласиос на позајмица во Монца