Денеска во Ровињ (Хрватска), во пријателски натпревар, Гостивар со 2:1 успеа да го победи Сараево, најголемиот и најтрофеен клуб во БиХ. Противникот имаше водство од 0:1 по првото полувреме, за да потоа за само две минути, во 54. и 56.минута, Мбенде и Симоновски стрелаа во мрежата на босанскиот тим за победа од 2:1.
Ова беше втора контрола на тимот на Гостивар во текот на своите подготовки во Хрватска и прва победа. Претходно составот на стратегот Мерт Нобре беше поразен од Словачко со 0:4.