Сега се е познато. Новиот формат во ЛШ носи невидена драма. По вечерашното осмо и последно коло во лигашката фаза, сега следува нокаут фазата. Прво 1/16 финалето а потоа и осминафиналето. Во февруари нема да играат, односно директно се пласираа екипите кои завршија од првото до осмото место, а тоа се Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Леверкузен, Лил и Астобн Вила.
Овие екипи ќе играат во март во 1/8 финалето а своите ривали ќе ги добијат откако ќе се одигра 1/6 финалето во кои се 16 екипи, оние кои вечерва завршија од деветтото до 24 место.
Во петок е ждрепката, а таму ќе има спектакл. Имено Манчестер Сити во 1/16 финалето ќе игра против Баерн Минхен или Реал Мадрид.
Можете да ги видите сите можи двојки за 1/16 и целиот костур со евентуални двојки до самото финале…